Работна посета на заменик директорот на Воспитно-поправниот дом на Тетово во Агенцијата за примена на јазикот.

12
Заменик директорот на Воспитно-поправниот дом на Тетово(ВПДТ), Јусуф Шаини, оствари работна средба во Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), каде што беше пречекан од директорот Илбер Села.
Оваа посета служеше за воспоставување комуникациски „мост“ помеѓу двете институции,како и за понатамошна идна соработка.
Од заеднички интерес е спроведувањето на законските одредби, кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците. Затоа, заменик директорот Шаини, побара поддршка и конкретни упатства- овој закон да се спроведе и во ВПДТ. Тој, исто така, ги прими и изданијата на АПЈ, кои се однесуваат на ова прашање.
Страните се согласија да ја продлабочат билатералната соработка.
Можеби исто така ви се допаѓа