Работна посета на директорот на АПЈ, Илбер Села на Инспекцискиот совет

123
Директорот на АПЈ, Илбер Села, денес оствари работна посета на Инспекцискиот совет каде што оствари средба со Магдалена Филиповска-Грашкоска, претседател на Инспекцискиот совет и Даниела Рендевска, генерален секретар на Инспекцискиот совет. Двајцата соговорници оценија дека Инспекцискиот совет е клучна институција во системот на инспекциски надзор и дека ваквата средба е повеќе од корисна бидејќи претставува можност за размена на ставови во врска со примената на Законот за употреба на јазиците во работата на Инспекцискиот совет.
И покрај застојот во реализација на одредени аспекти од законот во секојдневното функционирање на Инспекцискиот совет, на средбата се разјаснија одредени дилеми во однос на практичната имплементација на законското решение, а директорот Села понуди целосна поддршка во делот на стручна помош за превод и лекторирање на службени документи и акти.
Исто така беше договорено, во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација, да се иницира постапка за прилагодување на подзаконските акти коишто ја пропишуваат формата и содржината на актите од инспекциски надзор заради обезбедување јазични верзии од актите на двата службени јазика.
Двете страни се заложија за понатамошно унапредување на соработката во интерес на обезбедување целосно и доследно почитување на законските обврски.
Можеби исто така ви се допаѓа