Работна посета на АД МЕПСО

7
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, придружуван од неговиот тим, денес го посети АД МЕПСО, каде што оствари работна средба со генералниот директор, претседател на Управниот одбор, Куштрим Рамадани, на којашто присуствуваа и членовите на Управниот одбор на АД МЕПСО.
Посетата беше реализирана на иницијатива на директорот Села, заради согледување на состојбата околу спроведувањето на Законот за употреба на јазиците во АД МЕПСО, дискусија околу одредени дилеми и воспоставување соработка меѓу двете страни за прашања поврзани со употребата на службените јазици.
Заради непречeно одвивање на работните процеси, директорот Села понуди поддршка во делот на стручна помош за лекторирање службени обрасци и документи. Од друга страна, г. Рамадани го информира својот соговорник за досега преземеното во насока на имплементација на законот и изрази подготвеност и волја да се подобри и унапреди состојбата околу употребата на албанскиот јазик, низ процесот на соработка и со поддршка на АПЈ.
На крајот на средбата директорот Села му врачи на својот соговорник сет публикации во издание на АПЈ поврзани со спроведувањето на Законот за употреба на јазиците.
Можеби исто така ви се допаѓа