Работна посета во Службен весник

77

Во рамките на работните посети на Агенцијата за примена на јазикот, се оствари средба со претставниците на Службен весник на Република Северна Македонија.
Директорот на АПЈ, Илбер Села, и неговите соработници беа пречекани од директорот на Службен весник, Мартин Костовски, и неговите соработници. Во тие рамки, директорот Села го извести неговиот хомолог во врска со активностите што ги развива неговата институција за да ја разгледува повнимателно реалната состојба на првата фаза од примената на двојазичноста во пракса, исклучиво фокусирајќи се на лекторирањето на Службен весник што треба да го направи Агенцијата за примена на јазикот. И тој понуди целосна поддршка во тој поглед. Исто така, тој разјасни некои дилеми во врска со тоа кој треба да ги преведе различните акти, нагласувајќи дека треба да ги направат сите институции одделно преку вработениот и систематизираниот кадар во единици или сектори, и на тој начин Службениот весник треба да ги преземе како готови производи за објавување.

Од другата страна, исто така директорот на Службен весник, Мартин Костовски, го извести својот хомолог за своите обврски во оваа насока, зборувајќи за тешкотиите и дилемите што се јавуваат при работата на преводот и лектурата.

На крајот, двајцата директори се согласија дека сите овие работи мора да следат јасна динамика, за да не се појават никакви тешкотии или пречки. Во овој поглед, тие го истакнаа фактот дека треба да се проверат и користат досегашните искуства во Косово и Босна и Херцеговина како можен модел да се примени и кај нас. Двајцата изразија подготвеност за да ги продолжат состаноците и соработките во иднина во врска со Законот за употреба на јазиците, особено по јануари кога треба да започне втората фаза од неговата примена.

Скопје, 3.10.2019 г.

 

Можеби исто така ви се допаѓа