Работна посета во просториите на Централен регистар

73

Денеска во седиштето на Централниот регистар директорот на АПЈ, Илбер Села, оствари работна средба со Марија Бошковска-Јанковски, директор на Централниот регистар.

Директорот Села истакна дека средбата е од исклучително значење бидејќи Централниот регистар е една од клучните институции каде што се потребни значителни напори за овозможување на целосен пристап до услуги за физичките и правните лица на службените јазици во Република Северна Македонија.

На средбата, директорката Бошковска-Јанковски истакна дека Централниот регистар работи на надградба на апликативно софтверско решение кое ќе овозможи пристап за граѓаните и деловните субјекти до кориснички услуги на службените јазици, како и дека во постапка е и спроведување на другите обврски кои произлегуваат од спроведувањето на Законот за употреба на јазиците.

Двете страни изразија интерес за понатамошна соработка и очекување дека конструктивниот дијалог помеѓу двете институции ќе продолжи да се унапредува во иднина.

Оваа средба е во полза на забрзувањето на примената на Законот за употреба на јазиците од страна на горенаведената институција која доцнува во овој правец.

Скопје, 7.10.2019 г.

Можеби исто така ви се допаѓа