Професори од Катедрата за новинарство при ПУ ја посетија АПЈ

8

Група професори од Катедрата за новинарство на Универзитетот во Приштина, на чело со шефот на оваа катедра, Мухамед Јахири, ја посетија Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, кои беа пречекани од директорот Илбер Села.

Во оваа прилика, директорот ги информираше за работата и секојдневниот ангажман во однос на службената употреба на албанскиот јазик во државните институции, како и за многу други релевантни прашања.

Во меѓувреме, за организирањето и структурата на АПЈ од нејзиното формирање до денес, им зборуваше државниот советник за превод во АПЈ, Неби Билали.

Скопје, 22.02.2022

 

Можеби исто така ви се допаѓа