Професорите Аднан Јашари и Афет Мамути одржаа предавање на тема „правна терминологија“

36
Двајцата предавачи на Обуката за преведувачи и лектори од државните институции, професорот Аднан Јашари и професорот Афет Мамути, пред преведувачите и лекторите одржаа предавање на тема-правна терминологија, којашто се употребува во службените документи и законските акти. Според нив, треба да се направат максимални обиди за терминологијата, која се употребува во јавните институции, да биде што поунифицирана. И двајцата го истакнаа значењето на Законот за употреба на јазиците и улогата на Агенцијата за примена на јазикот во подигнувањето на квалитетот на употребата на албанскиот јазик и неговиот статус во Република Северна Македонија.
Проф. д-р Аднан Јашари, предавач при Универзитетот на Југоисточна Европа, ја обработи темата за правната терминологија на економската кореспонденција, афоризмите и договорите, и го искажа неговото задоволство и ентузијазмот за досегашните достигнувања иако, како што вели тој: -„има уште многу што да се работи“.
-„Со цел дека во иднина ќе успееме да ја унифицираме терминологијата при преводите на различни акти, како оние законските, така и оние административните, судските или разни документи, што на некој начин би се засилила и би се координирала поврзаноста помеѓу преведувачите и Агенцијата од една страна, и Агенцијата и експертите од различни сфери, од друга страна“, рече професорот Аднан Јашари.
Според него, сето ова ќе создаде предуслови за унифицирање на терминологијата при превод на решенија, закони и други службени акти. Потоа, тој го оцени и придонесот на Агенцијата за примена на јазикот и на директорот Илбер Села, преку бројните активности и изданија, а особено преку Обуката за преведувачи и лектори од јавните установи.
И проф. д-р Афет Мамути, предавач при Универзитетот во Тетово, обработи слична тема, во врска со преводот на правната терминологија во законите.
„Проф. Илбер Села направи мошне добра работа, посебно со активностите што ги организира, како што е и оваа последнава, со Обуката за преведувачи и лектори од сите институции, тргнувајќи од Владата, министерствата, управите, агенциите, каде што неколку дена по ред, нѝ даде можност да дискутираме за некои прашања, особено за оние коишто се однесуваат на преводот на нормативните акти. Дискусиите што ги водевме со кандидатите беа мошне продуктивни и темите што ги обработивме верувам дека ќе бидат од голема помош во процесот на превод на документи-на пример кога еден граѓанин ќе го прочита нормативниот акт, да биде употребена унифицирана, јасна и точна терминологија, каде што не би постоела двосмисленост“, рече професорот Афет Мамути.
Тој вели дека по донесувањето на Законот за употреба на јазиците, статусот на албанскиот јазик претрпел коренски промени, од аспект на подобрување на неговата употреба, што во минатото не се случило. Ова посебно го помогна основањето на Агенцијата за примена на јазикот, којашто воспостави службена комуникација со Тирана и Приштина „за унифицирање и стандардизирање на некои поими, коишто требале да ги направат вработените лица во оваа Агенција“. Тој истакна дека покрај сите овие активности, во иднина ќе биде многу полесно.
Можеби исто така ви се допаѓа