ПРОДОЛЖУВА НАУЧНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА АПЈ

62

Научната конференција на тема „Повеќејазичноста и предизвиците на примената на Законот за употреба на јазиците на РСМ„ која беше отворена вчера, продолжува и денеска. Поздравен говор имаа директорот на АПЈ, Илбер Села, поранешниот заменик-премиер и поранешен министер за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, Џелал Хоџич, заменик-директор на Агенцијата за примена на правата на малцинствата и Рами Мемушај, лингвист од Албанија.
Првиот панел беше на тема: „Европските модели на јазичните политики”, за коишто говореа амбасадорите на Швајцарија Субиле Сутер Тејада, на Финска Кимо Лахдевирта и на Косово, Ѓерѓ Дедај.
Во меѓувреме на вториот панел со трудови се претставија Петра Малфертеинер која зборуваше за јазичните права во Јужен Тирол, Бесим Кабаши зборуваше за градење паралелен корпус за издвојување на терминологија за албанскиот јазик, Изер Максути за употребата на јазикот според моделите на јазичната политика на Јужен Тирол и на Белгија, Зеќирија Ибрахими за европските јазични политики во споредба со јазичната политика во РСМ.
На третиот панел на тема: „Повеќејазичноста во РСМ” со свои трудови се претставија Абел Андреа која зборуваше во врска со едукацијата на два или на повеќе јазика во Јужен Тирол, Емил Лафе за предизвиците на книжевниот албански јазик во РСМ во околностите на службената двојазичност, Рами Мемушај за двојните стандарди на двојазичноста за Балканот, Вероника Карева за пристапот кон изучувањето на јазикот како мотив за популаризирање на албанскиот јазик кај младите ученици со мајчин македонски јазик и нивните родители, Димитар Пандев за теоријата на мултилингвизмот во македонската лингвистика.
Додека на четвртиот панел на тема: „Важноста на квалитетниот превод и терминолошките речници” зборуваа Клара Кранебитер за работата на терминологијата во Јужен Тирол и информацискиот систем за правна терминологија BISTRO, Ајтене Ќамили-Хајдари за потребата за унификација на административната терминологија и нејзиното вклучување на терминолошки речници, Едлира Бушати за фразеолошките изрази, меѓу културни влијанија албански-германски, германски-албански, Аслан Хамити за стручно и јазично уредување на преводите.
Конференцијата продолжува со работа и во текот на утрешниот ден.

Можеби исто така ви се допаѓа