Продолжува дијалогот на АПЈ со Делегацијата на ЕУ

101
Продолжува дијалогот на АПЈ со Делегацијата на ЕУ
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, беше домаќин на Александру – Андреј Поповичи, стручен службеник за човекови права, граѓанско општество и односи меѓу заедниците во Делегацијата на Европската унија во Република Северна Македонија.
На средбата, директорот Села упати благодарност за посетата, при што го информираше соговорникот за работата на АПЈ во насока на поддршка на владините заложби за изградба на општество кое ги гарантира, почитува и унапредува јазичните права на своите граѓани, во согласност со европските стандарди.
Исто така, директорот Села го запозна својот соговорник за досега сработеното, идните планирани проекти, а изрази и отвореност за унапредување на соработката со Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија и новиот амбасадор, Дејвид Гир.
Поповичи се заблагодари за поканата за средба од директорот Села и за посета на АПЈ, изразувајќи задоволство од можноста за директна размена на ставови по прашања од заемен интерес.
Двете страни ја истакнаа својата заложба за понатамошно продолжување на дијалогот и соработка на проекти.
Можеби исто така ви се допаѓа