Примената на албанскиот јазик во Државниот инспекторат за труд – пример што треба да го следат сите функционери

116

Примената на албанскиот јазик во државните институции полека станува прифатлива и нормална реалност без да му наштети на никого. Така што, како позитивен пример може да се земе Државниот инспекторат за труд на Република Северна Македонија, кој веќе целосно ја применува службената употреба на албанскиот јазик во сите акти и документи.

Почнувајќи од таблата со натпис, сместена на влезот на оваа институција, па до наједноставните дописи, сите се двојазични, односно на македонски и албански јазик.

Целата работа е направена благодарение на волјата и упорноста на директорот на оваа институција, г-дин Алајдин Хавзиу, кој со својата елегантност и посветеност, на потполно легален начин, само со двајца преведувачи, успеа да го применува службено албанскиот јазик.

Овој пример може да послужи како добар пример и за сите директори и други функционери кои, од разни причини, законот го спроведувале делумно или воопшто не почнале со примената на истиот.

Скопје, 18.9.2019

Можеби исто така ви се допаѓа