Претставници од Поштата на Северна Македонија ја посетија Агенцијата за примена на јазикот

192

Претставници од Поштата на Северна Македонија денеска ја посетија Агенцијата за примена на јазикот со цел заемна соработка за почитување на Законот за употреба на јазиците. Претставниците на Пошта рекоа дека со оглед на неодамнешната промена на официјалното име на државата на Република Северна Македонија, називот на институцијата е променот. И со донесувањето на Законот за употреба на јазиците во Собранието, поштата на РСМ презеде мерки за негово спроведување, почитувајќи ги правилата за превод на назив на институцијата и во процесот на користење на двојазични печати, во сите одлуки и други акти, како и законска регулатива која произлегува од надлежноста на институцијата.

Од Агенција за примена на јазикот рекоа дека се подготвени за совети и да обезбедат помош во усвојувањето и спроведувањето на мерките со кои се обезбедува користење и еднаков статус на службените јазици во РСМ. Агенцијата, исто така, им понуди препораки на институцијата за поттикнување, поддршка и обезбедување на долгорочни, одржливи структурни решенија и стимулативна политика за користење на службените јазици во Република Северна Македонија. Од Поштата на РСМ беше побарано да ги обединат административните поими на албански јазик. За ова, Агенцијата предвидува воспоставување на јазични политики и обединување на административните поими во соработка со релевантни експерти и институции во земјата и надвор од неа.

Можеби исто така ви се допаѓа