Претставници на Агенцијата за странски инвестиции ја посетија Агенцијата за примена на јазикот

147

Претставници на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот (АСИПИ) остварија информативна средба со Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ).

Во оваa прилика, Арбен Виља, директор на АСИПИ, информираше за активностите што оваа агенција ги презелa за да се заклучи првичната фаза на примена на Законот за употреба на јазиците, што вклучува промени на печатите, логоата и таблите.

Тој истакна дека агенцијата веќе почналa со втората фаза на примена на Законот за употреба на јазиците, шо значи дека сите акти и документи веќе се подготвуват на два јазици.

Од друга страна, директорот на АПЈ, Илбер Села, изрази лична благодарност и во име на агенцијата за напредокот на примената на Законот за употреба на јазиците од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, истакнувајќи дека примерот на оваа агенција треба да ја следат и други институции.

Скопје, 4.10.2019 г.

Можеби исто така ви се допаѓа