Претставникот на АПЈ учествува на активноста на Центарот за интеграција и развој во врска со истражувањата за примена на јазикот

64

Претставникот од Агенцијата за примена на јазикот учествуваше на настан кој беше организиран од Центарот за интеграција и развој, во врска со истражувањето за спроведување на Законот за употреба на јазиците, каде што претставникот на Агенцијата, Плеурат Ајази, имаше поздравно обраќање.

На оваа средба беа презентирани заклучоците од истражувањето на доц. д-р Аргетим Салиу, заклучоци кои Агенцијата за примена на јазикот ги поздравува, затоа што се чекор напред во насока на вистинскиот пат за целосна примена на Законот за употреба на јазиците.

Истовремено, ја користиме оваа можност да го поттикнеме целиот граѓански сектор да преземе чекори за информирање и подигање на свеста кај граѓаните за придобивките од спроведувањето на овој закон.

Можеби исто така ви се допаѓа