Предавање на проф. д-р Џелал Зејнели за технологиите на преводот

20
Во текот на четвртата недела од Обуката за преведувачи и за лектори од јавниот сектор, организирана од Агенцијата за примена на јазикот, се вклучи и проф. д-р Џелал Зејнели, со неговото предавање за технологиите на преводот.
„Преводот е специфично поле, во исто време и умешност и уметност. Тоа е професија што можат да ја вршат само лица со соодветна универзитетска подготовка“ —вели проф. д-р Џелал Зејнели, за време на паузата на предавањето.
„На темата што се обработуваше за технологиите на преводот, кандидатите се запознаа со сите проблеми и потешкотии со коишто би можел да се соочи еден преведувач за време на вршењето на својата професија. Ова е многу комплексна работа, што подразбира голема стручна и морална одговорност, што, исто така, бара и познавања од разни области“, истакна тој.
Тој ја поздравува оваа активност на Агенцијата за примена на јазикот, како една одлична организација што дава резултат во подобрувањето на квалитетот на преводот, што ќе ги направи јавноста и државните институции свесни за неопходноста на примената на албанскиот јазик како службен во оваа земја.
„Мислам дека оваа практична обука не треба да се прекине, напротив, треба да продолжи и во други фази, секогаш во функција на создавање постручен кадар“, рече тој, истакнувајќи ја досегашната работа на АПЈ.
„На директорот на АПЈ, професор Илбер Села, му посакувам успешна работа и идни успеси. Тој, уште од првите денови од доаѓањето на оваа одговорна задача, се вложи за да ја унапреди работата на Агенција, секогаш во функција на употреба на албанскиот јазик како службен во нашата земја“ – меѓу другото истакна проф. д-р Џелал Зејнели.
Професорот Џелал Зејнели, освен знаењата што ги поседува како лингвист, има и преведувачко искуство, стекнато во разни државни институции, во период од повеќе од три декади, што е од значење за учесниците во оваа обука.
Можеби исто така ви се допаѓа