Предавање на професорот Зејнели за вработените на Агенцијата за примена на јазикот

104

Денеска професорот Џелал Зејнели одржа предавање во Агенцијата за примена на јазикот во Скопје. Пред присутните тој зборуваше за своето искуство како долгогодишен преведувач, презентирајќи го како можен модел за да се аплицира и во оваа нова заснована институција. Тој особено се фокусираше на хиерархијата на работата на преведувањето како неопходен процес за да се постигне што повисок квалитет на преведениот текст. Тој ја истакна важноста на професионалните преводи на кои им треба поголема грижа и сериозитет.
Професорот Зејнели исто така даде неколку совети и предлози што можат да се спроведат во Агенцијата за примена на јазикот и ќе им бидат од корист на вработените во институцијата.

Можеби исто така ви се допаѓа