Предавања на професорите Валтер Мемиша и Изер Максути, на тема лексикографија и превод на научни текстови

24
​Оваа недела, Обуката за преведувачи и лектори од јавните институции продолжи со предавањата на професорите Валтер Мемиша и Изер Максути. Професорот Валтер Мемиша одржа предавање за улогата на лексикографијата во процесот на преведувањето, а проф. Изер Максути се задржа на преводот на специјализираните и научните текстови.
​И двајцата професори позитивно ја оценија оваа активност, но и сите други активности што ги извршува Агенцијата за примена на јазикот, уште од нејзиното основање, па сè до денес, како и заслугите на директорот Илбер Села со неговиот стручен тим.
„Мило ми е што Агенцијата за примена на јазикот го подигна нивото на својата работа на три главни столба: првиот-осврнувајќи се кон книгите и научните дела што се поврзуваат со албанскиот јазик воопшто, а посебно задржувајќи се на стандардниот албански јазик. Вториот столб е организирање на научни дејствувања, особено одржување конференции на национално и меѓународно ниво, стремејќи се и остварувајќи го нивото на позрела, поцврста и поплодна научна мисла, за успешен тек на целокупната работа и цел, коишто ги поставила оваа Агенција. И третиот столб, во којшто во моментов сум вклучен и јас, е квалификацијата на административните работници“, рече проф. д-р Валтер Мемиша, директор на Институтот за лингвистика и литература (Академија за албанолошки студии), како и претседател на Постојаната комисија на јазикот и книжевноста при Албанската академија на науките.
​И проф. д-р Изер Максути ја истакна извонредната улога на Агенцијата за примена на јазикот, која по стапувањето во сила на Законот за употреба на јазиците, стана позната институција во земјата и во сите други центри за албанологија, соработувајќи со познати проучувачи од земјава, како и во албанските простори и пошироко.
​Во врска со Обуката за преведувачи и лектори, проф. Максути рече дека е еден дополнителен подарок од Агенцијата, бидејќи овде се обработуваат најразлични теми, се обработува материјал, лекции и искуства од проучувачите на јазикот, што има одлучувачка улога во процесот на преводот.
​Проф. Изер Максути вели дека во примената на Законот, пресудна е и политичката волја, но од друга страна, и свеста на граѓаните, за да бидат поодговорни и посовесни од аспект на пишувањето на албанскиот јазик во споредба со македонскиот јазик.
„Ако го употребуваме албанскиот јазик низ целата земја, и албанскиот јазик се употребува во институциите, тогаш имаме и Албанци. Улогата на идентитетот за употреба на албанскиот јазик во институциите е пресудна за Албанците во Македонија“, истакна проф. д-р Изер Максути.
Обуката за преведувачи и лектори продолжува уште неколку недели.
Можеби исто така ви се допаѓа