По повод 7 март – Денот на учителот (Поздравен говор на директорот на АПЈ, Илбер Села)

18

Драги пријатели!

Како што сите знаеме, денес е важен национален ден за нас, бидејќи нè потсетува на знаењето, училиштето и, пред сè, наставникот како главен столб на ова општество. Но, за разлика од претходните години кога имавме право да го сметаме за вистинска прослава, сметајќи ги успесите и достигнувањата на ова поле, оваа година, за жал, сме должни да го сториме тоа само заради континуитет и создадена традиција, затоа што мерките за пандемијата, повеќе од што било друго, влијаеле врз образованието и училиштето, принудувајќи ги наставниците и учениците да стојаат настрана од храмовите на знаење, објаснувајќи и учејќи индиректно преку технологијата. Затоа, овој начин, колку што е жртвување и опстанок, исто толку е реквием и болка.

Се разбира, Институтот за духовно и културно наследство на Албанците нè обединува да го одбележиме овој важен ден, придружени и од Агенцијата за примена на јазикот и докажувајќи дека сме благодарни и ги цениме наставниците.

Сепак, годинашната честитка за овој ден е повеќе духовна молитва. Затоа, да се надеваме и посакуваме што побрзо да се надмине оваа необична ситуација, наставниците и учениците да се вратат во храмовите на знаењето, каде што е нивното натурално место!

Ви благодарам!

Можеби исто така ви се допаѓа