Потврдена заложбата за подобрување на состојбата со примената на службените јазици на Клиниката за пулмологија и алергологија

12
Директорот на АПЈ, Илбер Села, денес оствари работна посета на ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија каде што се сретна со директорите на клиниката проф. д-р Дејан Докиќ и г. Суат Шаќири.
Целта на посетата беше да се согледа состојбата околу примената на Законот за употреба на јазиците во функционирањето на Клиниката.
Директорот Села истакна дека му е задоволство што менаџментот на Клиниката демонстрира отвореност за соработка со АПЈ во интерес на имплементација на законските одредби за што се преземени и активности за промена на таблите, службениот печат, штембилите, меморандумот на службените акти на клиниката итн. Воедно, достави и публикации во издание на АПЈ, и изрази отвореност за соработка околу превод и лекторирање општи акти, потврди, обрасци што ги изготвува Клиниката.
Двете страни ги реафирмираа своите заложби за понатамошна соработка во интерес на пациентите како крајни корисници на здравствените услуги.
Скопје, 23.3.2020 год.

 

Можеби исто така ви се допаѓа