Потврдена добрата соработка со РКЕ

30
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, Илбер Села, денес ја посети Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) каде што оствари средба со Марко Бислимоски, претседател и Атанаско Тунески, член на РКЕ.
Двете институции имаат воспоставено добра соработка и дијалог на начин што АПЈ редовно врши лекторирање на службените акти за потребите на РКЕ, а коишто се објавуваат во Службен весник на Република Северна Македонија.
РКЕ е една од институциите коишто имаат направено значаен напредок во насока на имплементација на одредбите од Законот за употреба на јазиците. Во однос на одредени работи коишто треба да се усогласат согласно законските обврски, двете страни се договорија дека истото ќе биде надминато за краток период низ заедничка соработка и координација.
Двајцата соговорници се заложија за продолжување на добрата соработка и одржување на редовен дијалог по прашања од заемен интерес.
Можеби исто така ви се допаѓа