Посета на директорот Села на Министерството за транспорт и врски

50
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, Илбер Села, го посети Министерството за транспорт и врски каде што оствари работна средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и заменик министерот Беким Реџепи.
На средбата директорот Села изрази интерес за соработка со Министерството за транспорт и врски во насока на спроведување на обврските од Законот за употреба на јазиците и остварување на правата на физичките и правните лица во постапките пред Министерството за транспорт и врски. Воедно, директорот Села достави сет на публикации во издание на АПЈ ѝ понуди стручна помош во делот на превод и лекторирање на службени обрасци и формулари за потребите на министерството.
Двете страни се заложија за интензивирање на меѓуинституционалната соработка.
Можеби исто така ви се допаѓа