Посета на директорот Села во СКСЗМ

27
Денес директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, ја посети Стопанската комора на северо западна Македонија (СКСЗМ), при што оствари работна средба со Дриљон Исени, извршен директор на СКСЗМ.
За време на средбата директорот Села истакна дека АПЈ е секогаш отворена за соработка, вклучително и со СКСЗМ како орган кој организира, ги штити интересите и ги промовира бизнисите во земјата и во странство, поддржувајќи ги за предизвиците на глобалната конкуренција.
Средбата беше можност да се добијат сознанија околу тековната состојба со имплементација на Законот за употреба на јазиците, во работата на СКСЗМ. Воедно, директорот Села се интересираше и околу можноста граѓаните кои се потрошувачи, цените и декларациите за употреба на стоката да бидат напишани на службените јазици во Република Северна Македонија.
Двете страни изразија подготвеност за понатамошно продолжување и унапредување на билатералната соработката.
Можеби исто така ви се допаѓа