Посета на директорот Илбер Села на Национална галерија

77

Директорот на Агенцијата за примена на јзикот, Илбер Села, заедно со неговите соработници, денеска ја посети Националната галерија „Мала станица“ во Скопје, каде беше пречекан од директорката на оваа институција, Дита Старова-Ќерими. Во оваа средба се разговараше за процесот на примена на двојазичноста.
Откако веќе целосно заврши првата фаза на примена на двојазичноста во оваа галерија, двајцата хомолози разговараа за втората фаза, која ќе започне да се спроведува во јануари следната година. Во оваа прилика, директорката Дита Старова-Ќерими зборуваше конкретно за подготовките што ги прави околу примената на втората фаза во пракса, ангажирањето на персоналот на преведувачи и лектори, неопходните средства што треба да се посветат на преводот на каталозите и други изданија на албански јазик.
Од друга страна, директорот Илбер Села даде целосна поддршкаа во однос на работата што се врши во оваа институција, конкретно во областа на преводот и лекторирањето на текстовите за потребите на Националната галерија.
На крајот, директорот Илбер Села ѝ честиташе на својот хомолог за успешната работа во Националната галерија, што беше забележано и денеска при целосно спроведување на двојазичноста во оваа институција, од табелите на влезот, логото, печатите па сѐ до актите, дописите и различните упатства во рамките на галеријата.

Можеби исто така ви се допаѓа