Посета на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија

78

Во рамки на редовните посети за давање поддршка на институциите во врска со спроведувањето на обврските кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците, денес, директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, заедно со неговите соработници, ја посети Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, каде забележа дека на влезот на оваа институција, таблата се уште стои само на еден јазик.

На средбата беше пречекан од директорката на оваа институција, Билјана Јовановска и новоназначениот заменик директор, Беким Мурати, со нивните соработници. Тема на дискусијата беше задоцнувањата што беа направени во првата фаза на законската имплементација, каде што посебен акцент беше ставено за таблите, меморандумите, логоата и веб-страниците.

Директорот Илбер Села и неговите соработници дадоа целосна поддршка за надминување на овие одложувања и се согласија дека во иднина и двете институции ќе соработуваат и ќе се подготват за втората фаза, со цел, оваа институција да може да ги исполни своите обврски кои произлегуваат од Законот за употреба на јазиците.

Скопје, 23.9.2019

Можеби исто така ви се допаѓа