Поздравен говор на директорот на АПЈ, Илбер Села, на промоцијата на книгата „Правописни предлози“ на авторот Рами Мемушај

21

Почитувани пријатели,
Денес, на овој настан на кој се одбележува годишнината, која е од големо значење за сите Албанци насекаде каде што живеат, дејствуваат и размислуваат на албански јазик, имам чест и задоволство да Ве поздравам. Оваа годишнина е во врска со еден значаен период од нашиот културен и национален развој и еманципација. Со промоција на книгата „Правописни предлози“, на нашиот автор и соработник, Рами Мемушај се означи 50-годишнината од Конгресот за правопис.
Навистина, оваа година со право е прогласена за Година на правописот, бидејќи преку разни културни и научни активности ќе се означи овој настан и на институционален начин. Несомнено, Агенцијата за примена на јазикот на РСМ се заложи дека ќе земе учество, ќе биде партнер во овие активности и ја понуди нејзината помош, бидејќи нејзиното дејствување е главно употребата на албанскиот јазик и неговата службена примена во Република Северна Македонија, во согласност со одредбите од Законот за употреба на јазиците. Ова го означува и фактот дека задачата и обврската на оваа Агенција е примената на стандардната норма на јазикот, особено на неговиот правопис, применувајќи го секојдневно при преводот и лекторирањето на законските акти и бројните службени документи и списи.
Затоа и оваа книга на Рами Мемушај, што пристигна на 50-годишнината на Конгресот за правописот, е во потполна согласност со нашата работа и наклонетост. Во овој контекст, ние ова го чувствуваме како наш удел, сметајќи го како едно историско и национално достигнување, како спомен и сведоштво, но и како визија и постојан ангажман. Од големо значење во овој контекст е фактот што со помош на правописот ние се чувствуваме пообединети и посплотени од културен, образовен, јазичен и национален аспект. Зборувајќи и пишувајќи според стандардите на овој јазик, ние реално зборуваме на еден заеднички јазик, комуницираме на еден многу цивилизиран и модерен начин.
Да не должам многу, посакувам оваа книга да остане како еден јазичен тестамент за сите Албанци, особено за оние како нас, што се занимаваме со службена употреба на албанскиот јазик, но за сите образовни, културни и научни институции.
Скопје, 7 март 2022 год.
Ви благодарам!

 

Можеби исто така ви се допаѓа