ПОЗДРАВЕН ГОВОР НА ДИРЕКТОРОТ НА АПЈ, ИЛБЕР СЕЛА, НА ПРОМОЦИЈАТА НА ДЕЛАТА НА ШАБАН МУРАТ

1
Почитувани пријатели!
Почестен сум да Ве поздравам сите вас, пријатели на амбасадорот Шабан Мурат, љубители на книгата и на културата. На почеток посакувам да го истакнам фактот дека задоволството е двојно кога причина за ова претставува токму дипломатот со кариера и амбасадор, Шабан Мурати, со неговите две дела „Дипломатско самоубиство на Косово и на Албанија“ и „Морето помеѓу Албанија и Грција“, две книги, што ги обработуваат невралгичните точки на Албанците во меѓународните односи.
Бидејќи амбасадорот Шабан Мурат поседува долгогодишно дипломатско искуство, како добар познавач на овие проблеми, во двете негови книги пишува на еден многу емпириски начин, поткрепувајќи сè со факти, конкретни ситуации, во контексти и односи коишто сè уште се свежи и продолжуваат да ги помешуваат нашите соседски односи. Од овој аспект, делата на амбасадорот Шабан Мурат силно алармираат кон земјите со албанско население, кон политичките елити што ги предводат нашите држави, за да ја подигнат свеста и да се активираат со нивниот целосен институционален, интелектуален и дипломатски потенцијал и капацитет, на начин што би го заштитиле националното битие, односно нашата територија кон којашто се стремат соседите.
Задолжително, ова е едно чувствително и кревко прашање, затоа потребно е сериозна ангажираност, смелост и целосна визија. Мислам дека сето ова ни го нудат книгите на амбасадорот Ш. Мурат, коишто претставуваат конструктивен и вистински водич за нивно достоинствено и одмерено надминување. Навистина, читањето на овие книги нè навраќа кон нашето битие, за да се почувствуваме Албанци и да се заштитиме себеси од секаков агресивен стремеж или потенцијално злоупотребување.
Не сакајќи да одолговлекувам повеќе, посакувам книгите на нашиот пријател да го пронајдат својот пат кон читателите, особено кај оние од државната елита, коишто треба да ги имаат како неопходни прирачници во нивните кабинети, за да се сфати нашата состојба и можност во полето на дипломатијата.
Ви благодарам!
Можеби исто така ви се допаѓа