ПОЗДРАВЕН ГОВОР НА ДИРЕКТОРОТ НА АПЈ, ИЛБЕР СЕЛА, НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА ПОСВЕТЕНА НА ПРОУЧУВАЧОТ АНТОН НИК БЕРИША, ВО РАМКИТЕ НА „ДЕНОВИТЕ НА АЗБУКАТА“

1
Почитувани присутни!
Дозволете да го поздравам овој настан, што се одвива во рамките на „Деновите на азбуката“, на којшто оваа година централна тема се Арбрешите, нивниот јазик, култура, литература и традиција.
Со оглед на тоа што Агенцијата за примена на јазикот, со којашто раководам, редовно ги следи овие настани, длабоко сум убеден дека и денешниов настан, посветен на познатиот проучувач Антон Ник Бериша, дава важен придонес за расветлување на неговата фигура, којашто најмногу се занимава со арбершката литература и култура.
Во тој контекст, фактот што во суштината на создавањето литература е јазикот, уште повеќе нѐ обврзува да бидеме блиску до него како институција, што се грижи за неговото спроведување, заштита и афирмација. Од таа причина, сакам да истакнам дека арбрешкиот свет ни припаѓа на сите нас; тоа е нашето чувство и гордост, тоа е пролеаната крв што се враќа во нашето битие. Едноставно, преку Арбрешите ја покажуваме нашата национална и институционална одговорност. Почитувајќи ги личностите, што зборуваат за нив, ние ги почитуваме и Арбрешите.
Да не бидам многу долг, се надевам и посакувам учесниците да го дадат својот придонес за ликот на Антон Ник Бериша, но и за Арбрешите од Италија.
Ви благодарам!
Можеби исто така ви се допаѓа