Поздравен говор на директорот на АПЈ, Илбер Села, на Научната конференција „Придонесот на проф. д-р Ќемал Мурати за албанскиот јазик“, во организација на ИДКНА во Скопје

14
Драги пријатели!
Денешната научна конференција „Придонесот на проф. д-р Ќемал Мурати за албанскиот јазик“ пред сè е конференција на благодарност за неговата неуморна научна работа. Тој веќе неколку децении е на чело на активностите и на дискусиите поврзани со албанскиот јазик на нашиот простор. Затоа и мојот говор во овој случај е говор за благодарност и целосна почит за сето она што тој го има направено на ова поле што ни припаѓа на сите нас. Имено, се чувствувам и должен и горд во исто време, кога ова го кажувам во својство на директор на Агенцијата за примена на јазикот, за која проф. д-р Ќемал Мурати отсекогаш изразувал волја и подготвеност да помогне и да соработува во различни форми од нејзиното формирање па сè до ден-денес. Неговиот однос со АПЈ бил многу суштински и неформален, бидејќи учествуваше во нашите научни активности ставувајќи на маса прашања за албанскиот јазик, неговата употреба во практиката, терминологијата во различни области итн. Неговата посветеност особено беше плодна и конструктивна со неговите предавања за обука за преведувачи и лектори организирана од АПЈ, обука што заврши успешно.
Така, со гордост можам да кажам дека улогата и посветеноста на проф. д-р Ќемал Мурати била и продолжува да биде многу важна за нашата институција.
Тргнувајќи од ова, мислам дека денешната конференција е целосно заслужена за проф. д-р Ќемал Мурати. За неговиот лик и дело може да се зборува долго, но јас сум длабоко убеден дека тоа најдобро ќе го направат нејзините учесници со своите научни трудови со коишто ќе настапат на оваа конференција.
Затоа ви посакувам добра работа! Исто така, и на проф. д-р Ќемал Мурати му посакувам многу здравје, понатамошни успеси во неговата научна работа во областа на албанската лингвистика!
Ви благодарам!
Можеби исто така ви се допаѓа