Плодна средба на директорот на АПЈ, Илбер Села со министерката за култура, Ирена Стефоска

39
На покана на министерката за култура на РСМ, Ирена Стефоска, денес директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села со неговите соработници, Ахмет Селмани и Лилјана Пандева, одржаа работен состанок. Целта на овој состанок беше консултација за некои прашања од областа на хуманистичките науки поврзани со преведувачите и преводот во РСМ. Според министерката Стефоска, мора да им се врати достоинството на домашните преведувачи. Затоа е потребно тие да се поддржат и да се стимулираат. Во врска со тоа, таа предложи да се подготви програма за поддршка на преведувачите, имено нивно стимулирање во нашата земја. Министерката Стефоска предложи и креирање програма за вкрстено преведување, како што таа ги нарече, имено преводите на македонски автори на албански јазик и на албански автори на македонски јазик. Покрај тоа, таа предложи програма за збогатување на некои библиотеки во нашите градови со изданија (преводи) од Албанија, како интервентен увоз на библиотечен фонд за којшто имаат потреба, бидејќи бројот на нивните читатели е на завидно ниво. Во таа смисла, тие се согласија да организираат тркалезна маса за дискусија со преведувачи, библиотекари, издавачи итн., и да изградат стратегија околу ова прашање. За време на споменатата средба, како посебна точка, таа го покрена прашањето за лиценци за лектори по албански јазик, со цел да се регулира нивниот статус на ист начин како што е регулиран статусот на лекторите по македонски јазик.
Со сите овие идеи и предлози беа согласни и двете страни, со цел да ги поддржат преведувачите во РСМ, како и заеднички да разговараат за сите прашања поврзани со преводот и лектурата.
Можеби исто така ви се допаѓа