Отворена е изложбата „Хасан Приштина-во архивски документи“

14
По повод одбележувањето на 100-годишнината од именувањето на Хасан Приштина за премиер на Албанија, во салата на Министерството за политички систем во Скопје, беше отворена изложбата со наслов „Хасан Приштина- во архивски документи“, во организација на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците и Генералниот директорат на архивите на Албанија. Пред присутните гости држеа говор првиот вицепремиер на Владата на РСМ, Артан Груби, директорот на ИДКНА, Скендер Асани, генералниот директор на ГАА, Ардит Бидо и наследникот на семејството на Хасан Приштина, Мехмет Приштина.
Исто така, генералниот директор на архивите на Албанија, Артан Бидо, ја посети и Агенцијата за примена на јазикот, каде што беше пречекан од страна на директорот Илбер Села. Во оваа прилика, тој беше информиран за континуираната работа што ја врши оваа институција, во однос на примена на албанскиот јазик на официјално(службено) ниво, поддржувајќи и помагајќи им на државните институции во делот на преводот и лекторирањето на документи и други официјални писма.
Можеби исто така ви се допаѓа