Онлајн средба на директорот Села со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК)

63
Денес директорот на АПЈ, Илбер Села, оствари онлајн средба со Билјана Ивановска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) и членовите на комисијата.
Средбата се оствари на барање на директорот Села со цел да се понуди поддршка од страна на АПЈ во делот на превод и лектура на службените документи, обрасци, акти кои произлегуваат од работата на ДКСК, имајќи во предвид дека истата не располага со кадар за превод и лектура.
Претседателката на ДКСК изрази благодарност за мошне конструктивната средба, понудената соработка и поддршка од страна на АПЈ, истакнувајќи дека во моментов ДКСК нема вработен преведувач и лектор од и на албански јазик, а до надминување на ваквата состојба ќе смета на понудената соработка од АПЈ заради непречено одвивање на работните процеси.
Двете страни се заложија да ја интензивираат меѓуинституционалната соработка во иднина.
Можеби исто така ви се допаѓа