ОБСЕ со конкретна поддршка за работата на Агенцијата за примена на јазикот

49

Директорот на АПЈ, Илбер Села, оствари работна средба со Татијана Темелкоска, претставник на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Одржаната работна средба претставува континуитет на редовниот дијалог и добрата соработка меѓу АПЈ и ОБСЕ.

Претставничката на ОБСЕ Темелкоска информира дека ОБСЕ ќе обезбеди поддршка на АПЈ за организирање на сесија, односно обука за изготвување на повеќегодишен Стратешки план за работа на АПЈ којашто би се организирала во вториот квартал од 2020 година и дека ќе се обезбедат публикации од ОБСЕ коишто ќе бидат донирани за зголемување на библиотечниот фонд со којшто располага АПЈ.

ОБСЕ ќе продолжи да соработува и со Оперативното постојано тело за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот каде што директорот Села е член, како и со координативното тело за изготвување и следење на имплементацијата на Националната стратегија за развој на концептот на едно општество и интеркултурализам.

Директорот Села се заблагодари за поддршката и истакна дека заедничката цел е промовирање на меѓуетничкиот дијалог и соживот преку јазиците и дека АПЈ и понатаму останува отворена за продлабочување на одличната соработка со ОБСЕ.

Можеби исто така ви се допаѓа