Обраќањето на директорот на АПЈ, Илбер Села по повод Денот на албанската азбука

17
Драги пријатели!
Ретки се историските настани кои, не само што не се забораваат и не бледнеат воопшто од нашата колективна меморија, туку, како што одминува времето, тие стануваат сè поважни, поинспиративни и повеќе ја подигнуваат свеста на сите нас. Несомнено, тука спаѓа и Конгресот на азбуката или Битолскиот конгрес, што оваа година полни 112 години, како настан што одбележа голем и одлучувачки пресврт во културната историја на Албанците и што го отвори патот за консолидација на државата во 1912 година.
Прво, овој конгрес е историја сам по себе, бидејќи албанскиот народ за прв пат успеа да се оформи културолошки со избирање на вистинскиот пат на сложената крстосница на историјата, едноставно со одредување на азбучниот модел што би го користел, значи латинскиот јазик што се користел низ цела Европа, каде што географски припаѓаат и Албанците. На тој начин се случи природното враќање во нивните културни и цивилизациски пазуви.
Второ, Конгресот на азбуката сам по себе е посебна симболика, бидејќи од тој ден, кога преовлада духот на албанското единство, тој стана водич за многу други последователни битки, служејќи како позитивен пример за тоа како може многу големи работи да се прават преку разбирање и обединување. Затоа, тој и понатаму останува основен симбол на Албанците, станувајќи актуелна референца за постигнување на културни, образовни, научни, политички и национални цели.
Трето, Битолскиот конгрес е културен и цивилизациски тестамент на Албанците, што го читаат и анализираат сите генерации, рефлектирајќи на позитивен и рационален начин. Се разбира, и ние имаме голема среќа да зборуваме и да придонесуваме во таа смисла, како и да им го пренесеме неговиот дух на оние што ќе дојдат по нас.
Четврто, Конгресот на азбуката нè враќа во времето и просторот, не само носталгично да го одбележуваме како настан, туку и физички да се вратиме во градот Битола како важно жариште на нашата национална ренесанса и да демонстрираме грижа и благодарност кон него, да го предизвикаме заборавот и занемарувањето во ова бурно време. И како таква, Битола останува национална гордост.
Секако, сето ова мене лично ме прави крајно горд како Албанец, но уште повеќе како директор што имам среќа да ја водам Агенцијата за примена на албанскиот јазик, која секој ден сè повеќе придонесува за официјална примена на овој јазик , што е напишано точно со оние букви што беа избрани за модел на Конгресот на азбукатa во 1908 година во Битола.
Посакувам овој настан да остане доживотен национален тестамент. Без букви, нема јазик. Без јазик, нема нација. Треба да ни биде јасно дека само со овие букви и со овој јазик ќе се нарекуваме Албанци во суштинска смисла.
Можеби исто така ви се допаѓа