НУБ „Св.Климент Охридски” подари публикации на АПЈ

112
Како резултат на одличната соработка меѓу АПЈ и НУБ „Св.Климент Охридски” – Скопје, денес беше извршено примопредавање на публикации за потребите на библиотеката на АПЈ за коишто НУБ „Св.Климент Охридски” – Скопје даде согласност за подарување.
Селекцијата на публикации во најголем дел опфаќа терминолошки речници, публикации што се однесуваат на албанската филологија, но и публикации со културолошка тематика.
Во оваа прилика директорот на АПЈ Илбер Села изразува благодарност до НУБ „Св.Климент Охридски” – Скопје и нејзиниот директор Фримзим Даути за подарените публикации, a воедно се надева дека соработката меѓу двете институции ќе продолжи да се унапредува во иднина.
Можеби исто така ви се допаѓа