На директорот на АПЈ, Илбер Села му се врачи наградата „Амбасадор за албанскиот имиџ во светот“

13
Во присуство на многу истакнати албански личности од науката, уметноста, културата и др., во живописното поднебје на Вила Парк Форумот Имиџ-Медиа организираше голема свеченост, на која му ја врачи наградата „Амбасадор на албанскиот имиџ во светот“. Оваа значајна награда ја прими директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, со мотивација за дадениот придонес за примена на албанскиот јазик во Северна Македонија, како и за придонесот за зајакнување на односите меѓу Албанија и Северна Македонија. Во оваа прилика господинот Села им се заблагодари на претставниците на форумот на чело со неговиот директор Астрит Мемиа, истакнувајќи дека оваа награда е втора по ред што ми се доделува годинава, по онаа на 22 Ноември. Несомнено, додаде, наградата е благодарност за работата што ја работиме со мојот тим во институцијата што ја водам во однос на примената на албанскиот јазик.
Можеби исто така ви се допаѓа