Научната конференција ги започна работите по повод Денот на мајчиниот јазик

52

Денеска во попладневните часови, во хетол „Holiday Inn“ во Скопје свечено се отвори Меѓународната научна конференција на тема „Повеќејазичноста и предизвиците на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците во РСМ“, во организација на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик. Отворањето го направи директорот на АПЈ, Илбер Села, кој им посака добредојде на учесниците фокусирајќи се накратко на досегашната работа на институцијата со која раководи, како и за целта на одржувањето на оваа конференција.
Во продолжение, присутните ги поздрави и претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери, вицепремиерот на РСМ и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците, Садула Дураку, претседателот на Академијата на науките на Албанија, Скендер Ѓинуши, и директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, Скендер Асани.
По овој повод се потпишаа два меморандуми за соработка помеѓу Агенцијата за примена на јазикот на РСМ предводена од директорот Илбер Села, и Универзитетот на Југоисточна Европа предводена од ректорот Абдулменаф Беџети, и со Универзитетот „Мајка Тереза“ предводена од генералниот секретар, Бујар Кајоли. Претходно, АПЈ има потпишано меморандуми за соработка со Универзитетот во Тетово, со Академијата на науките на Албанија и со Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје.
Согласно агендата, конференцијата ја продолжи работата со презентирањето на трудовите кои се однесуваат на предизвиците на преведувањето. За ова прашање настапија Изер Максути од Универзитетот во Призрен и Ајтене Хајдари-Ќамили од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Конференцијата продолжува со работа и во наредните два дена.

Можеби исто така ви се допаѓа