Наследникот на националниот херој Хасан Приштина ја посети АПЈ

111

Денеска во Агенцијата за примена на јазикот беше Мехмет Приштина, наследник на семејството на херојот Хасан Приштина, во придружба на Скендер Асани и Хисен Бериша. Во знак на благодарност за работата и мисијата на оваа агенција, на директорот Илбер Села му подари фотографија со портретот на фигурата на Хасан Приштина.

Во оваа прилика, директорот Села го запозна Мехмет Приштина со досегашната работа на АПЈ и за предизвиците околу примената на јазикот во државните институции.

Мехмет Приштина му честита на директорот Села за работата која ја има направено посакувајќи му да продолжи со иста сериозност и професионализам.

Можеби исто така ви се допаѓа