Народниот правобранител ја поддржува работата на Агенцијата за примена на јазикот

55

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, оствари работна средба со Народниот правобранител, Иџет Мемети.

Во оваа прилика, Народниот правобранител изрази интерес за формирање на АПЈ, како и за прашањата со кои е задолжена за справување.

Директорот Села го извести Народниот правобранител за работата, активностите, пречките и плановите на Агенцијата, за иднината.

Исто така, Народниот правобранител беше информиран и за подготовката на материјалите на Агенцијата, како што се брошури, водичот и патоказот, кои се во подготовка.

На состанокот, Народниот правобранител ја понуди својата поддршка за Агенцијата, давајќи неколку совети и идеи за тоа како да се продолжи понатаму.

Страните не ја исклучуваат можноста за соработка во различни проекти во блиска иднина.

10.9.2019
Скопје

Можеби исто така ви се допаѓа