МИСИЈА
Агенцијата за примена на јазикот има мисија да изгради институционална средина која ги почитува уставните и законските обврски, го штити, промовира, зачувува и зајакнува јазичното право на сите граѓани на Република Северна Македонија, преку:
– изготвување јазични политики и обединување на административната терминологија во соработка со релевантни експерти и институции во и надвор од земјата,
– обука на преведувачи и лектори во сите институции во земјата,
– обезбедување и снабдување на софтверот за преведување со зборови и изрази за централни институции,
–давање правен совет на граѓаните за правото на мајчин јазик,
– тесна соработка со Инспекторатот за примена на јазикот и со сите релевантни државни институции,
– советување на Владата и на институциите во надлежност на Агенцијата во врска со усвојувањето и спроведувањето на мерките кои обезбедуваат употреба и еднаков статус на службените јазици,
– давање препораки до централните и општинските институции за поттикнување, поддршка и обезбедување на долгорочни, одржливи структурни решенија и стимулативна политика за користење на службените јазици во Република Северна Македонија.