Министерот за дијаспора, Пандели Мајко, ја пречека делегацијата на Агенцијата за примена на јазикот

141

Државниот министер за дијаспора на Република Албанија, Пандели Мајко, во неговата канцеларија во Тирана, ја пречека делегацијата на Агенцијата за примена на јазикот, предводена од нејзиниот директор Илбер Села.

За време не средбата, директорот Илбер Села го информираше министерот Пандели Мајко за работата, обврските, предизвиците и проектите што ги одвива оваа институција.

Министерот Пандели Мајко му честиташе на директорот Илбер Села за задачата, работата и ангажирањето што го прави во однос на примената на Законот донесен во Собранието на Република Северна Македонија, кој овозможи албанскиот јазик да биде во службена употреба. Тој, исто така покажа подготвеност за да помогне во ситуации кога е потребно.

Скопје, 15.10.2019

Можеби исто така ви се допаѓа