Меѓуинституционална средба со ЈП Национални шуми

6
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, придружуван од неговиот тим денеска одржа работна средба со ЈП Национални шуми, на која беше примен од неговата колешка, Јулиана Николовска и заменик директорот Берат Дехари.
Во оваа прилика, соговорниците разговараа за предизвиците за спроведување на Законот за употреба на јазиците во надлежните институции.
Директорот Села ја потврди поддршката на АПЈ за оваа институција, нагласувајќи дека АПЈ е достапна за секоја институција што има потреба за јазична поддршка.
Скопје, 21.03.2022 год.

 

Можеби исто така ви се допаѓа