Меѓуинституционална средба со Фондот за иновации и технолошки развој

14
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, придружуван од неговиот тим денеска одржа работна средба со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), на која беше примен од неговиот колега Фестим Халили.
Овој состанок е во служба на поддршката што АПЈ ја дава на сите јавни институции во државата.
Во оваа прилика Села и Халили разговараа за меѓуинституционалната соработка во областа на лингвистиката. Конкретно, се зборуваше за консултации за терминолошките аспекти и превод на обрасци и други документи кои Агенцијата се обврзува да ги преведе за Фондот.
Страните се договорија да продолжат со понатамошната комуникација и соработка.
Скопје, 21.03.2022 г.

 

Можеби исто така ви се допаѓа