Меѓуинституционална средба со Универзитетската клиника за детска хирургија

7
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, придружуван од неговиот тим, ја посети ЈЗУ Универзитетската клиника за детска хирургија во Скопје.
Тие беа примени од директорот на оваа клиника Елмедин Асани. Во оваа прилика, Села и Асани разговараа за степенот на имплементација на Законот за употреба на јазиците во оваа јавна здравствена установа.
На оваа средба беше констатирано дека директорот Асани презел конкретни активности и ја унапредил употребата на албанскиот јазик во институцијата што ја води.
Страните се заложија за продлабочување на меѓуинституционалната соработка преку конкретната помош што директорот Села и ја пружи на оваа институција во преводот и лекторирањето на значајни материјали предвидени со Законот за употреба на јазиците.
Можеби исто така ви се допаѓа