Меѓуинституционална соработка со Врховниот суд, на тема — Закон за употреба на јазиците

16
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) Илбер Села одржа координативна средба во Врховниот суд на Република Северна Македонија, кадешто беше примен од претседателот на Судот, Беса Адеми.
На овој состанок беа дискутирани одредбите од Законот за употреба на јазиците и најлесните начини за нивна примена од страна на судовите во земјата.
Во оваа прилика, претседателот Адеми побара дополнителни појаснувања и директна поддршка во однос на примената на предметниот закон во Врховниот суд.
Од друга страна, директорот Села понуди целосна поддршка од страна на административниот кадар на АПЈ.
Села и Адеми се согласија дека оваа средба ќе биде појдовна точка за конкретни чекори во примената на Законот за употреба на јазиците во Врховниот суд.
Можеби исто така ви се допаѓа