Косовскиот амбасадор во Скопје му врачи благодарница на директорот на АПЈ, Илбер Села

40
Денес, амбасадорот на Република Косово во Скопје, Ѓерѓ Дедај, беше во посета на Агенцијата за примена на јазикот на РСМ во Скопје, каде беше примен од директорот Илбер Села, кој го информираше за работата и бројните активности на оваа институција за официјалната примена на албанскиот јазик. Во оваа пригода, амбасадорот Ѓерѓ Дедај, по повод 13-годишнината од независноста на Република Косово, му врачи благодарница на директорот Илбер Села за неговата поддршка, соработка, разбирање и придонес во каузата на Косово, заблагодарувајќи му се и изразувајќи особена почит.
Можеби исто така ви се допаѓа