Консултации со Агенцијата за планирање на просторот во врска со Законот за употреба на јазиците

47
Директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села, оствари консултативна средба со Андријана Андреева, директор на Агенцијата за планирање на просторот (АПП).
Тема на состанокот беше имплементација на одредбите од Законот за употреба на јазиците и во оваа институција.
Директорката Андреева изрази подготвеност да дејствува конкретно кон оваа цел и го истакна значењето на специфичниот терминолошки аспект за оваа област.
Од друга страна, директорот Села ја изрази важноста за започнување на употреба на албанскиот јазик во дописите и другите документи на оваа институција, обезбедувајќи конкретна поддршка во превод и лектура.
Двајцата колеги се согласија дека институционалната соработка треба да се развива во духот на меѓуинституционалното разбирање и поддршка.
Можеби исто така ви се допаѓа