Консултативна средба со директорот на Националниот парк „Шар Планина“

12
Консултативна средба со директорот на Националниот парк „Шар Планина“
Во рамките на активностите за поддршка кои директорот на Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ), Илбер Села ги спроведува со раководители на различни институции, овој пат се одржа средба со директорот на Националниот парк „Шар Планина”, Ибрахим Деари.
Во оваа прилика, Села и Деари разговараа за прашања поврзани со одредбите од Законот за употреба на јазиците и нивната примена во институцијата што ја раководи Деари.
Директорот Села уште еднаш потврди дека вратите на Агенцијата се отворени за сите институции, особено за такви како што е Националниот парк кој е во основање.
Скопје, 04.03.2022 год.
Можеби исто така ви се допаѓа