Интервју за ТВ 21: Многу жалби за грешки во албанскиот јазик – „Проблеми поради доцнењето со формирањето на инспекторатот“, вели Села

116

Секој ден реакции и жалби од институциите и граѓаните за грешки или неправилно спроведување на Законот за употреба на јазиците. Директорот на Агенцијата за примена на јазикот, Илбер Села, вели дека иако поминале 6 месеци од стапување на сила, се уште нема закон за инспекторатот и ова создава дилеми кај граѓаните за надлежностите на агенцијата и инспекторатот.

„Член 20 јасно кажува дека за мониторинг на целосното спроведување на одредбите од овој закон кои се однесуваат со употреба на јазиците, се формира инспекторат за употреба на јазикот. Ќе беше добро Инспекторатот да се формира што поскоро бидејќи ние сега вршиме двојна работа, бидејќи луѓето можеби не го прочитале законот и имаат дилеми и веднаш се обраќаат до Агенцијата зошто не е нешто направено итн. а ние дури за да одговориме на сите критики, излегуваме и вршиме работа што не е под наша надлежност“, изјави Илбер Села – директор на Агенцијата за примена на јазикот.

Села вели дека има институции кои не изразуваат волја за спроведување на законот за употреба на јазиците бидејќи го искористуваат тоа што нема Инспекторат. Институциите каде не се сигурни за преводот се обраќаат до Агенцијата за помош. Во земјава  има недостиг од капацитети  па затоа се обраќаат до официјални Тирана и Приштина за помош во преводите за да се избегнат можни грешки.

„Од искуството  до сега грешките се прават од несоодветни преведувачи, односно не се преведувачи со диплома. Од друга страна, неупотребата на албанскиот јазик како службен има врска со луѓето кои се навикнати на таа логика да употребат многу македонски зборови, со директен превод, и од друга страна има преводи кои се прават намерно со цел да предизвикаат збунетост и нервоза кај граѓаните“, изјави Илбер Села – директор на агенцијата за примена на јазикот.

Од Министерството за правда кое е одговорно за изработка на законот за Државниот инспекторат велат дека законот е во процес на институционално усогласување и дека предлог законот е објавен во електронскиот систем на почетокот на месец јуни оваа година.

 

Можеби исто така ви се допаѓа