Интегрално обраќање на директорот на АПЈ, Илбер Села, на тркалезна маса на тема „Повеќејазичноста во Република Северна Македонија – шанса или пречка во процесот на изградба на демократско граѓанско општество“, организирана по повод одбележувањето на Европскиот ден на јазиците

82
Почитуван заменик-директор на Агенцијата за остварување на правата на заедниците г-дине Хоџиќ,
почитуван претседател на Здружението на преведувачи и толкувачи г-ѓо Попова Манасиевска,
почитуван национален претставник на Советот на Европа за одбележување на Европскиот ден на јазиците и претставник од Министерството за образование и наука г-ѓо Тренеска,
почитувана професорке Драгана Ѓореска,
почитувани претставници на медиумите,
почитувани присутни,
Ми претставува голема чест и задоволство што заедно имаме прилика да го одбележиме денешниот настан којшто е од особено значење и се одржува на 26 септември, денот кога Европа ја слави повеќејазичноста, односно Европскиот ден на јазиците.
Овој симболичен ден го одбележува и Агенцијата за примена на јазикот на РСМ преку организација на денешната тркалезна маса на мошне значајна тема поврзана со повеќејазичноста во едно демократско, граѓанско општество.
Прочуениот филозоф Лудвиг Витгенштајн рекол: „Не смееме да дозволиме границите на нашиот јазик да бидат граници на нашиот свет”. Оваа мудра изрека не потсетува дека вредностите на јазичниот плуралитет и неговата кохезивна улога на поврзување на различностите треба постојано да се реафирмираат и негуваат. Наместо средство за поделби, јазикот треба да биде канал на комуникација, мост на поврзување и средство за интеракција во општествената заедница.
Степенот на почитување и негување на јазичниот диверзитет е одраз на степенот на демократски развој на секоја држава којашто се стреми да биде дел од европското семејство на држави со богата демократска традиција.
Верувам дека присуството на сите учесници на денешниот настан ќе овозможи конструктивна размена на идеи, ставови и мислења и дека учесниците ќе го збогатат овој настан со нивните излагања во насока на афирмирање на вредностите што ги зајакнуваат и унапредуваат јазичната еднаквост, заемното разбирање и меѓуетничка кохезивност во општеството преку дијалог, јазична толеранција и почитување на јазичниот диверзитет.
Дозволете ми, на крајот од моето обраќање, уште еднаш да се заблагодарам на сите излагачи и ценети гости за вашето учество на денешната тркалезна маса.
Можеби исто така ви се допаѓа