Институционална поддршка за УЈП

11
По неколку официјални барања, денеска се одржа работна средба помеѓу Агенцијата за примена на јазикот (АПЈ) и Управата за јавни приходи (УЈП).
Во оваа прилика, директорот на АПЈ Илбер Села понуди институционална поддршка предвидена со Законот за употреба на јазиците, со цел да започне конкретната примена на овој закон во Управата.
Домаќините одговорни за правни работи се интересираа за некои конкретни точки од Законот за кои имаа нејаснотии.
По разјаснувањето на конкретните прашања, директорот Села вети директна поддршка во преведувањето разни обрасци, почнувајќи од најчесто користените.
Скопје, 15.03.2022 г.

 

Можеби исто така ви се допаѓа