Имплементацијата на Законот за употреба на јазиците – тема на средбата со Инспекторатот за употреба на јазиците

11
Денес, Агенцијата за примена на јазикот на РСМ, ја посети директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, г. Фатмир Исени, којшто беше пречекан од страна на неговиот колега, директорот Илбер Села.
Тема на разговорот на работната средба беше имплементацијата на Законот за употреба на јазиците и осврт на состојбата во однос на неговата досегашна примена. Директорот Села се запозна со текот на подготовките на Инспекторатот во делот на лиценцирање на инспектори коишто ќе вршат инспекциски надзор и мониторинг врз примената на Законот за употреба на јазиците на институционално ниво, а воедно изрази и поддршка на директорот Исени во делот на отпочнување на теренски активности за утврдување на фактичката состојба по однос на целосно и доследно спроведување на законското решение преку неселективна примена на инструментите на инспекциски надзор. Двајцата соговорници се согласија дека соработката меѓу АПЈ и Инспекторатот за употреба на јазиците е на високо ниво и дека заеднички интерес е обезбедување на еднакви можности на граѓаните во остварување и заштита на своите права, со почитување на законот во насока на реализација на владините заложби за создавање на едно општество за сите граѓани.
Можеби исто така ви се допаѓа